(Видео) Филипче: Болниците се полнат со пациенти болни од коронавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на ново дијагностицирани случаи на болни од ковид 19 во последните неколку дена забрзано расте, изјави денеска министерот за здравство, Внко Филипче. Според него најкритично е во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево, каде што инфективните одделенија се полнат. Анализата направена пред една недела, покажала дека дури 40 отсто од тогаш хоспитализираните дале епидемиолошки податок дека биле на некаква прослава. Филипче не е оптимист за она што не очекува во следните неколку недели.

„Ако ја гледаме динамиката со кој бројот се зголемува, може да кажеме дека пред нас се неколку недели во која ситуацијата може да биде навистина критична. Дел од пациентите се префрлаат и во Скопје. Инфективната клиника е пополнета со овие пациенти и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во градот Скопје. Сега се активираат и останатите Ковид центри“, изјави Венко Филипче-министер за здравство.

Посебно голем е бројот на ново хоспитализирани во градовите каде што е мал опфатот на вакцинација, односно помеѓу 20% и 23%, а дури 90% од ново дијагностицираните не биле вакцинирани. Или од вкупно 3.497 пациенти изминатите седум дена, 3047 биле невакцинирани. Во однос на рестириктивните мерки кои стартуваат од понеделник има и нов момент.

„Освен со бараниот сертификат за вакцина, најмалку една доза, за влез на сите настани кои се организираат на затворено и отворено ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пациентот бил заболен од ковид во рок од 45 дена. Тоа се оние неопходни 30 дена да помине времето за вакцинација и 15 дена да се организира вакцинацијата“, рече Венко Филипче-министер за здравство.

Филипче не ја исклучува можноста за нови мерки во следниот период.

„Ние понатаму ќе разговараме. Сега ова е прв чекор со кој сакаме да ја поттикнеме вакцинацијата. Ќе видиме какви ќе бидат сознанијата. Можно е да носиме дополнителни мерки во следните недели, но нешто кое е многу очигледно и кое се случува насекаде во светот, е што сите земји единственото решение го гледаат во вакцинацијата“, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

Од вкупниот број на вакцинирани во земјава или околу 400.000 ревакцинирани само 0,002% се заразиле, што укажувало на тоа дека вакцината била безбедна и ефикасна. Министерот денеска беше во посета на охридската болница, каде за сега ситуацијата е стабилна.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This