дома Македонија Филипче вечерва се враќа од одмор, заминал откако ги донесе новите мерки

Филипче вечерва се враќа од одмор, заминал откако ги донесе новите мерки

Министерот за здравство Венко Филипче по увидот на состојбата со пожарите и новите рестрикции кои од понеделник стапуваат во сила се вратил во Грција за да го доврши одморот, објави „А1он“.

Тој за порталот изјавил дека вечерва се враќа, а од утре ќе биде во Скопје.

Како што пишува „А1он“ тоа значи дека министерот одморот го продолжил пред четири дена откако Владата по предлог на Комисијата за заразни болести изгласа нови рестриктивни мерки против коронавирусот, а тој одржа прес-конференција.