дома Македонија ФИЛИПЧЕ: Вкупно184 здpaвствени работници се излeкyвани и вратени на работа

ФИЛИПЧЕ: Вкупно184 здpaвствени работници се излeкyвани и вратени на работа

Вкупно 184 здравствени работници се оздравени, со два негативни теста и сите се вратени на работа, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека над 50 здравствени работници од 70 заразени се оздравени и се вратени на работа во Кумановската болница.

Утре ќе имаме состанок со директорите на клиниките, за враќање на работата во нормала. Ќе има некои мали измени со мој термин, истакна Филипче.

Тој додаде дека сака да ги отфрли шпекулациите дека поради некакви политички цели се намалуваат тестирањата.

Тоа не е точно. Тоа што имаме намален број на тестирања е тоа што бројот на активни пациенти се намалува – вели Филипче.