дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Вpaтeн вo фyнкциja пyнктoт вo apeнaтa Бopиc Тpajкoвcки

Филипче: Вpaтeн вo фyнкциja пyнктoт вo apeнaтa Бopиc Тpajкoвcки

Поради интензивниот наплив на пациенти во инфективните одделенија и брзорастечките бројки на новозаразени со Ковид 19 во нашата држава, мерките кои ги донесе Владата го интензивираа и процесот на вакцинација на пунктовите во Здравствените домови низ државата и во Скопје. Вакцинацијата е без закажан термин и поради ова во дел од пунктовите се бележи зголемен притисок од граѓани кои сакаат да се вакцинираат. Во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави повторно враќање во функција на пунктот во салата Борис Трајковски, и како што кажа овојпат ќе биде на располагање малата сала во која околу 20тина места ќе се употребуваат за прием на граѓани.

-Имајќи го во предвид големиот притисок, во среда или најдоцна четврток повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски, за што дел од вработените коишто беа во Здравствен дом беа на годишни одмори, ги прекинаа и порано за да дојдат и ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата, меѓутоа ќе има околу 20тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинација и верувам дека тоа ќе ги намали гужвите и редовте коишто ги имаме пред Здравствените домови. -изјави министерот Филипче.

Епидемиолошката состојба со својата сериозност ги преполнува болниците во повеќето градови низ државата. Најголема исполнетост има во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Во постојана комуникација со менаџментот, од ковид центрите кадешто се исполнети капацитетите, места за хоспитализации се обезбедуваат во Скопје на Инфективната клиника, а од денеска и во Заводот за физикална медицина и рехабилитација којшто е веќе адаптиран за прием на ковид позитивни пациенти, со капацитет од 120 кревети снабдени со централен довод на кислород. Во моментов над 130 пациенти се веќе хоспитализирани во КИБФС и во модуларната болница при самата клиника, што говори дека напливот на пациенти со потреба за хоспитализација во изминатите неколку денови е голем.

-Апелирам повторно до граѓаните да се вакцинираат. Вакцини има доволно, има од сите типови согласно препораките, од следната недела на располагање ќе биде уште еден поголем пункт за масовна имунизација. Ова е едниствениот начин да се смени сликата за пандемијата. – апелираше министерот Филипче.