дома Македонија Филипче ги мотивира граѓаните во што поголем број да се вakциниpaaт

Филипче ги мотивира граѓаните во што поголем број да се вakциниpaaт

Министерот за здравство Венко Филипче поспладнево на својот Фејсбук профил објави дека во последните две недели повеќе од 100 илјади граѓаните се пријавиле за вакцинација.

Тој апелира до граѓаните да се пријавуваат за вакцинација за, како што вели, што поскоро да можеме да ставиме крај на пандемијата.

– Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, напиша Филипче на Фејсбук.