April 16, 2024, 10:53 pm

Филипче ги соопшти новите мерки против коронавирус – Еве за кого вакцинацијата станува задолжителна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, за одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. За да одат на работа ако не се вакцинирани или тестирани, ќе мора да имаат потврда за прележан коронавирус не постара од 45 дена или медицинска документација дека не смеат да бидат вакцинирани.

Ова денес го најави министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за заразни болести.

-Препорачуваме до овие мерки да се приклучат и приватните компании. Од Сојузот на стопански комори ни стигна едно писмо со слични барања, со цел да се заштитат капацитетите. Препорачуваме вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, истакна Филипче.

Откако одлуката деновиве ќе помине на Владина седница, ќе се остави рок од 10 дена во кој здравствените работници ќе може да се вакцинираат.

Бара да се ажурира и процесот на контрола.

-Имаме електронски алатки, не се само хартиените сертификати туку европските сертификати, може да се симнат на сите граѓани кои користат таков тип на мобилни телефони. Има апликација која го покажува соодветниот код и има апликација која што ја контролира валидноста на кодот. Тоа значи дека се елиминира можноста да имаме фалсификувани сертификати, истакна Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This