дома Македонија Филипче: Дo кpajoт нa нeдeлaвa тpeбa дa cтигнe лekoт зa пaциeнтитe co...

Филипче: Дo кpajoт нa нeдeлaвa тpeбa дa cтигнe лekoт зa пaциeнтитe co циcтичнa фибpoзa

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека денеска треба да се знае кога ќе стигне лекот за пациентите со цистична фиброза и изрази надеж дека тоа ќе биде до крајот на неделава.

-Вчера пробавме и во секторот за ретки болести да комуницираат со добавувачите. Вчера не одговорија, денеска очекуваме да ни кажат. Треба да стигне од Велика Британија, изјави Филипче.

Тој додаде дека по денешната прес-конференција ќе провери дали има одговор.

Тоа што се обидовме и со меилови да искомуницираме, да се прати лекот по ДХЛ да стигне што поскоро, а во МАЛМЕД да направат постапка за одобрување на пуштање на лекот во промет и покрај тоа што официјално постапката не е завршена. Сега имаме јавна административна пречка, ама ќе ја надминеме, нагласи Филипче. Додаде дека разговорал со директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства Љирим Шабани, кој, како што истакна, рече дека ќе излезат во пресрет.