дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: „Дo кpajoт нa aпpил ќe пpиcтигнaт 300.000 вakцини“

Филипче: „Дo кpajoт нa aпpил ќe пpиcтигнaт 300.000 вakцини“

Министерот за здравство уверува дека до крајот на април во Македонија ќе пристигнат 300.000 вакцини.

Оваа информација тој ја сподели во гостувањето на ТВ 21.

– Во Србија има претставништо на Фајзер, и можеби тоа е причина зошто најрано од сите стигна до вакцини. Во Албанија има вакцини кои стигнаа од Фајзер, од Ковакс, и стигнаа преку Турција.

– До крајот на овој месец очекуваме да дојдат близу 300 вакцините, тоа се 200 илјади од Кина, 76 илјади од КОВАКС, и 25 илјади од ЕУ. Дефинитивно да е тоа планот, кога ќе почне имунизацијата да не престане, рече Филипче.