Филипче: Имунитeтот од вakцината штити многу повеќе од прeлежана болecт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имунитетот од вакцината штити многу повеќе од прележана болест, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче во интервју на ТВ Канал 5 појаснувајќи ја мерката која го ограничува движењето на лицата кои прележале ковид.
-Препораките кои ги коминицирам во јавноста преку алатките на Министерството за здравство се должат на препораките на сознанијата на стручни лица, а тоа се имунолози кои што работат со вакцина, фармаколози, професори на фармацевскиот факултет и од тука се препораките. Има една студија која што вели дека оние кои се вакцинирани можат да заболат со ризик од 0,07 проценти, а 1,2 отсто од прележаните можат да заболат. Што значи дека кај нив е поголем ризикот и од тука таа препорака за што кратко време од прележувањето, а тоа е после месец дена и дополнителни две недели да се организира севкупниот процес е нешто што на граѓаните допонително им го штити здравјето, појасни Филипче.
Тој информираше и за една препорака на Американскиот центар CDC која вели дека може да се прими вакцина после десет дена од направениот тест кај асимптоматки пациенти.
Министерот нагласи дека сите сериозни студии на големи испитаници одат во насока на тоа и дека тоа се ставови на Светската здравствена организација дека што порано вакцина, дополнително го штити здравјето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This