дома Политика Филипче и Заев два месеци го лaжат народот: Зошто Македонија е последна...

Филипче и Заев два месеци го лaжат народот: Зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини?

Ако Филипче и Заев два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини зошто во Македонија не виде јавноста ниедна вакцина и зошто не е почната имунизацијата на граѓаните?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини?

-Како успеаја Албанија и Србија да набават вакцини, а Заев и Филипче не успеаја да набават? Каде се вакцините од Бугарија кои Филипче ги најавуваше? Каде се вакцините кои Грција требаше да ги набави за нас, за кои говореше Заев? СДСМ, Филипче и Заев лажат, но тоа не е најстрашно. Најстрашно е што поради тоа што лажат и се неодговорни луѓе се разболуваат и умираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.