дома Македонија ФИЛИПЧЕ НАПРАВИЛ CЕPИОЗНИ 3ЛOУПОТРЕБИ НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА: Антикорупциска koнстатирала злоупотеби кај Филипче...

ФИЛИПЧЕ НАПРАВИЛ CЕPИОЗНИ 3ЛOУПОТРЕБИ НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА: Антикорупциска koнстатирала злоупотеби кај Филипче и со прекршочна постапка за пратеничката од редовите на СДСМ Тања Ковачев

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене прекршочна постапка против пратеничката на СДСМ Тања Ковачев која не го запазила периодот од 30 дена за да достави известување за вработувањето на нејзиниот сопруг Дејан, во АД Аеродроми, беше заклучено на денешната седница на комисијата.

ДКСК ги разгледуваше и случаите за вработување на сестрата и на зетот на пратеничката Ковачев. Нејзината сестра Катерина Јакимовска била вработена во УЈП, преку Агенција за времени вработувања, а зетот Бобан Јакимовски во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. На истиот начин во УЈП преку Агенција за времени вработувања е вработена и Катерина Котевска, сопруга на директорот на затворот – Шутка Ѓоко Котевски, како даночен контролор. Комисијата ќе побара од Владата и од директорката на УЈП да се преиспита постапката за вработување, со оглед на тоа што на истиот начин преку Агенција за времени вработувања се вработени дури 36 лица.

ДКСК бараат да се прекине со вработувањата во јавниот сектор преку Агенциите за времени вработувања, бидејќи како што констатираа се остава сомнеж аа влијанија, за политички вработувања, а созадаваат и не фер конкуренција.

Комисијата ќе продолжи да го испитува случајот со вработувањето на Жанко Симевски, в.д. директор на Здравствената установа во Македонски Брод. Тој трипати последователно, без распишан јавен оглас е поставен на тоа работно место, од страна на министерот за здравство, како негово дискреционо право.

Заменик претседателот на ДКСК Нури Бајрами оцени дека во овој случај се работи и за 3лоупотреба на службена должност од страна на министерот за здравство, додека пак Софија Дојчиновска, член на комисијата смета дека се работи за сериозно kршење на Законот и е сеpиозна појава и во други области.