дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Не бeгaм oд oдгoвopнocт, нeмa oбид зa дeфoкyc

Филипче: Не бeгaм oд oдгoвopнocт, нeмa oбид зa дeфoкyc

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, oдговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово.

-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потврдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче на прес-конференција во Клиничкиот центар каде ги соопшти бројките за најновата состојба со КОВИД во државава.

-Се намалува бројот на пациенти во државава. ИЈЗ направи анализа и се забележува дека секојдневно има околу 500 нови дијагностицирани на ден, изјави министерот.  Се прави детална анализа за да знаеме дали после ова не очекува нов бран или ќе продолжи трендот на намалување. Од тоа ќе знаеме дали ќе предложиме нови мерки. Вакцинацијата добро се спроведува. Последниве денови има намалување на интересот. 46 проценти над 18 години се вакцинирани, 37 проценти од целокупниот број на население се вакцинирани. Најмалку вакцинирани има во Тетово и Гостивар, изјави министерот.