дома Македонија Филипче – Не може децата да не одат на училиште

Филипче – Не може децата да не одат на училиште

Не може децата да не одат на училиште, но мора да имаме подготвени превентивни протоколи по кои ќе функционираат училиштата, рече синоќа министерот за здравство Венко Филипче во емисија на Канал 5 телевизија. Тој вели дека во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста е голема, но да се усогласат сите протоколи, вели министерот за здравство.

„Некои од принципите се помали групи, повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор и носење маски“, рече Филипче.