дома Македонија Филипче не се познавал лично со Беким Сали, но ќе му оставел...

Филипче не се познавал лично со Беким Сали, но ќе му оставел аманет да биде одговорен

Не се познавам лично со Беким Сали, но ќе иницирам средба. Ќе му оставам аманет да биде одговорен и транспарентен, пред сè, кон новинарите, истакна министерот за здравство во заминување, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарското прашање.

Тој рече дека е горд што во неговиот мандат платите на лекарите се зголемени речиси двојно

– Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Сметам дека добро се справуваме со пандемијата. Состојбата е мирна. Нема да правиме дополнотелни рестрикции, додаде Филипче.