дома Македонија ФИЛИПЧЕ: Никој не може да знае дали и колку лица зapaзила нecoвесната...

ФИЛИПЧЕ: Никој не може да знае дали и колку лица зapaзила нecoвесната доктopка

Не знам каква била комуникацијата на докторката со организаторот. Не можеме да знаеме и да бидеме сигурни со која динамика и како ќе се шири вирусот кај оние кои биле на симпозиумот. Имаме 12 луѓе кое биле 20 часа со пацинетка во минибус и никој не заболеле, а имаме и друга ситуација како оваа во Дебар каде што има позитивни лица – изјави министерот за здравство, Венко Филипче, кој на редовната прес-конференција соопшти дека уште четворица пациенти се позитивни на тестот за корона вирус.


Филипче изјави дека ќе испита дали е вистина тоа дека организаторот на симпозиумот во „Рагуза 360“ знаел дека разрешената директорка на Клиниката за кожни болести била вратена од Италија, но не презеле ништо.

За тоа каква ќе биде состојбата со оние кои биле на симпозиумот во „Рагуза 360″ на кој предавање на околу 100 луѓе држала докторката Нина Цаца Биљановска, заболена од коронавирусот, Филипче рече дека состојбата се следи, но никој не може да ја знае прогнозата.

Според Филипче, има луѓе со висок, среден и низок ризик.