дома Македонија Филипче нeмa инфopмaции дaли Мијалков бил кoнтaктиpaн oд eпидeмиoлoзи

Филипче нeмa инфopмaции дaли Мијалков бил кoнтaктиpaн oд eпидeмиoлoзи

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања, по преземањето на втората пратка вакцини на Фајзер/Бионтек кои се донација од Србија, зборуваше и за тврдењето на Сашо Мијалков.

Вчера тој се појави пред судот откако државните органи не успеваа никаде да го најдат два дена, кој што изјави дека се изолирал заради висока температура и сомневање за зараза со корона вирусот.

Филипче изјави дека нема информации дали Мијалков бил контактиран од епидемиолози за неговата здравствена состојба.