дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче објави фотографии од дел од тимовите на пунктовите за тестирање

Филипче објави фотографии од дел од тимовите на пунктовите за тестирање

инистерот Венко Филипче објави вечерва фотографии од свои колеги, посочувајќи дека тие неуморно работат на пунктовите за тестирање.

Министерот им испрати и порака на граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот.

„Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд. Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките. Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“

напиша Филипче на фејсбук.