Филипче објасни: Еве како и кога учениците ќе тргнат на училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во однос на почетокот на учебната година истакна дека приоритет е заштитата на најмладите. Почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе.

„Протоколите кои ги изготвивме се базираат на истите универзални принципи за заштита од болеста и спречување на ширење на вирусот. Тоа е носење на маска, одржувањето на дистанца и задолжителното често миење и дезинфекција на рацете. Нашата препорака да има физички присутни деца од првите три одделенија е со цел да се намали бројот на деца што би присуствувале во училиштето, во училниците. Бидејќи децата сигурно ќе се среќаваат на влезот, на почетокот и на крајот на денот и за време на одморите, препораката е да не се излегува од училниците за време на одморите, а овие три одделенија да почнуваат во различно време со временска разлика од 10 минути. Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години“, изјави министерот Филипче.

Тој потенцираше дека дадена е препорака за онлајн настава со неколку исклучоци. Целта е децата да имаат комбинирана настава, но сето тоа постепено да се воведе.

„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија.“, рече министерот Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This