дома Македонија Филипче открива зошто му е блокиpaн профилот на Твитер: Bнeл погpeшен код...

Филипче открива зошто му е блокиpaн профилот на Твитер: Bнeл погpeшен код за вepификација

Твитер профилот на министерот за здравство Венко Филипче утрово е ставен на рестрикција од страна на „Твитер“ откако, ненамерно, при логирање беше внесен погрешен код за верификација.

Како што соопшти Министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот, но се работи на надминување на проблемот.

Твитер привремено го блокираше официјалниот профил на министерот Филипче, поради, како што се наведува при евентуалното пристапување, „забележана необична активност“. Корисниците сѐ уште можат да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.