дома Македонија Филипче очекува пaд на бpojoт на зapaзени за три недели

Филипче очекува пaд на бpojoт на зapaзени за три недели

Министерот за здравство, Венко Филипче, очекува новите мерки да го намалат бројот на новозаразени од Ковид-19 и со тоа да спласне притисокот врз болниците.

„Целта на овие мерки е доколку доследно се почитуваат да дадат резултат. Резултатите од воведените мерки не само кај нас туку и во другите земји доаѓаат по три до четири недели, толку трае циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот, такви се и нашите очекувања“, рече Филипче на Скопскиот аеродром, каде ја донацијата 60 респираторни машини од НАТО.

Сепак вели дека е неблагодарно да се даде прогноза, бидејќи многу од предвидувањата не се остварија.

„Респираторите ќе бидат распределени во Инфективната клиника, во болницата „8 Септември“ , Клиниката за анестезија – КАРИЛ, сите клинички болници и неколку општи болници каде се леуваат пациентите“, рече Филипче.

Во моментов се уште се примаат пациенти во Козле, а следната институција која ќе прима пациенти е Институтот за белодробни заболувања.

„Има кадар којшто има огромно искуство и знае да управува со овие машини, пред се анестезиолози“, рече Филипче.