дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе ни бидат многу...

Филипче: Податоците за мајката и синот од Велес ќе ни бидат многу важни, за да знаеме што ќе следи

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната видео-сесија истакна дека од голема помош ќе бидат податоците за починатите мајка и син кои пред неколку дена беа пронајдени во стан во Велес.


„Податоците за нив ќе ни бидат од големо значење, за да знаеме што ќе следи. Мислам дека е добра стратегијата што се тестираат само пациенти кои имаат симптоми. Верувам дека на почетокот или средината на мај ќе го вратиме животот во функција. После тоа, ќе се впуштиме во детекција на антителата“, рече Филипче.