дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче препорачува оние кои минале 14 дена во изолација да седат уште...

Филипче препорачува оние кои минале 14 дена во изолација да седат уште 14 дена

Лицата кои 14 дена седеле во изолација поради сомнеж за коронавирус не е задолжително да се тестираат ако немаат симптоми. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека за ваквите лица се препорачува уште 14 дена да останат во домашна изолација.

„На Комисијата за заразни болести се дискутираше за ова. Имаме заеднички став дека нема потреба од тестирање доколку лицата немаат симптоми. Тие треба да останат во домашна самоизолација уште 14 дена“, рече Филипче.