Филипче се гордее за повисоките плати за лекарите – жали оти не почнал проектот за нов клинички центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот во заминување Венко Филипче денеска пред новинарите кажа за што најмногу е горд и за што жали во текон на неговиот мандат и раководење во министерството за здравство.

Прво горд сум што имавме одлична соработка и координација во едни од најтешките периоди во историјата на државата. За жал нè снајде пандемија во целиот свет и кај нас. Ме прави горд тоа што успеавме со голема помош на премиерот Зоран Заев, да инвестираме близу 30 милиони евра во изминатите четири години за да се зголемат примањата на здравствените работници и сега платите заедно со дежурствата се некаде скоро дуплирани. Горд сум што ниту еден пациент со ретка болест не остана без лек и што го укинавме паралелниот увоз на лекови. Посебно сум горд сум на тимскиот дух, кажа Филипче.

Тој спомена дека жали, како што рече што воопшто не започна проектот за нов клинички центар, кој е од особена важност за граѓаните.

Во однос на тоа за што најмногу жалам е што не успеавме да го започнеме проектот за нов Клинички центар. Јас сум убеден дека тоа е единствениот начин да се унапреди здравствениот систем на највисокото ниво на здравствена заштита, тоа е терцијарната. Апелирам до опозицијата да го одблокира овој закон кој е одличен и секако е во насока за доброто на граѓаните, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This