дома Македонија ФИЛИПЧЕ СЕ СКАРА СО АГАТАНГЕЛ: Епископот да го повлече повикот да се...

ФИЛИПЧЕ СЕ СКАРА СО АГАТАНГЕЛ: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство доц.д-р. Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени, побара од епископот да го повлече повикот.

„Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик е спротивен на се што сега правиме да се заштити јавното здравје. И секако спротивен и на многу уредби коишто Владата ги има донесено, а тоа е пред се уредбата за забрана на масовни собири и тоа е нешто кое ако доколку се случи, сериозно ќе го загрози здравјето на сите кои ќе бидат таму присутни како и јавното здравје“, апелираше Филипче на прес конференцијата по повод донацијата која како помош за справување со Ковид-19 пристигна од Европската Унија.