Филипче: Се спремаме и за праќање пациенти во странство, но се надевам до тоа нема да дојде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека насекаде во Европа се праќаат пациенти од една во друга држава. И Македонија се спрема за такво сценарио, но Филипче се надева дека до тоа нема да да дојде.

-Доколку дојде ситуација да е потребно да се ангажира уште поголем број на медицински лица, апсолутно дека ќе се пренаменат и другите болнички капацитети од интернистички одделенија. Во болниците Битола, Прилеп и Охрид веќе се сместуваат пациенти на интернистички одделенија. Можно е да се соочиме со ситуација кога и друг кадар ќе работи само со пациенти со ковид-19. Можно е да има период кога целокупниот останат програм ќе да се намали со цел целиот кадар да се посвети на лекување на пациентите со ковид-19. Насекаде во Европа дури и разменуваат и праќаат пациенти од една во друга држава. Се надевам дека нема да се случи такво сценарио, но и за такви моменти се спремаме, рече Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This