дома Македонија Филипче: Се чекаат резултати од теcтови на уште едно лице кое допатувало...

Филипче: Се чекаат резултати од теcтови на уште едно лице кое допатувало од Рим

Министерот за здравство Венко Филипче на најавената редовна прес-конференција во 16 часот за случајот коронавирус, кажа дека се вршат тестови на ново лице кое допатувало од Рим.

Како што информиравме пациентката која се лечи на ифективна има лесна клиничка слика нема знаци за компликации се лекува во изолација. Се чекаат тестовите на уште едно лице кое допатувало од Рим. Во овој момент освен ова лице нема ниту еден друг сомнителен случај, кажа денеска на прес- конференција министерот за здравство Венко Филипче.