дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Состојбата со виpycот се смирyва, епидемиолошката kрива спласнува

Филипче: Состојбата со виpycот се смирyва, епидемиолошката kрива спласнува

Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите.

На состанокот, била анализирана состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Според министерот Филипче, спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број одделенија.