дома Македонија Филипче со добри вест: Можеме да се надеваме на колективен имунитет до...

Филипче со добри вест: Можеме да се надеваме на колективен имунитет до крај на летото

Министерот Венко Филипче вели дека до крајот на летото можеме да се надеваме на колективен имунитет само доколку продолжи масовната вакцинација.

-Навистина охрабрува големиот одзив кај граѓаните за теренската вакцинација.
Секоја чест и за сите колеги здравствени работници кои се вклучени во оваа операција. Граѓаните масовно да се вакцинираат, имаме одличен напредок во бројките на вакцинирани. Само со ова темпо можеме до крајот на летото да се надеваме на колективен имунитет, напиша министерот Филипче на фејсбук.