дома Македонија Филипче со најнови детали: Детeктиpaни уште 5 cлyчаи на Делта coјот, присутен...

Филипче со најнови детали: Детeктиpaни уште 5 cлyчаи на Делта coјот, присутен е во три градови низ Македонија

На денешната прес-конференција за медиумите, министерот за здравство Венко Филипче откри колку случаи на индискиот сој има во Македонија во моментов.

Како што тој обелодени, во моментов има вкупно 8 случаи на заразени со Делта или Индискиот сој.

– Во последната недела се детектирани уште 5 случаи, 3 во Скопје и по еден во Куманово и Тетово, откри министерот Филипче.

Филипче додаде дека ги има и другите соеви и дека вакцината е единствен спас при заболување од сите соеви на вирусот.

– Треба граѓаните да се свесни, дека ако не се вакцинираат, може да завршат во болница и да бидат со тешки компликации. Ако се соочиме со нов бран, ќе има рестрикции од септември. Не можеме да страдаме, ако некој не се вакцинира. Висок процент од заразените се невакцинирани, а се уште сме далеку од колективен имунитет од 80 проценти“, истакна Филипче.