дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче cмиpyвa: Cocтojбaтa вo бoлницитe ce cтaбилизиpa

Филипче cмиpyвa: Cocтojбaтa вo бoлницитe ce cтaбилизиpa

Состојбата низ болниците се стабилизира, а бројот на хоспитализирани ковид-пациенти се намалува. Ова било утврдено на редовниот утрински состанок на министерот за здравство, Венко Филипче, со директорите на ковид – центрите.

„Изминатиов викенд значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат“, вели Филипче.

Тој апелира за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.