Филипче: Caкaм дa бидaм пpимep зa cитe гpaѓaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови во кругот на семејството.

Тој во изјава за медиумите апелираше и до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на претстојните празници.

„Сакам да бидам пример за сите граѓани. Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати“, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по примопредавањето на германска донација во поликлиниката во Шуто Оризари.

Нагласи дека во изминатиот период евидентно е намалувањето на притисокот врз болниците и на бројот на новодијагностицирани. Завчерашниот ден, како што истакна, е првиот ден кога на интерните клиники немало ниту еден нов прием на болни од Ковид.

„Сега бројките значајно се намалуваат. Значително се намалуваат новодијагноцираните на ден, значително се намалува факторот на преносливост и значително се намалуваат бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Болниците ширум државата се практично полупразни. На Инфективната клиника после сериозно долг временски период има над 30 слободни кревети и на интерните клиники над 100 слободни кревети. Еден сериозно долг временски период, таа бројка на слободни кревети беше меѓу 20-30 кревети“, рече Филипче, додавајќи дека спласнува и притисокот врз центрите за тестирање.

Не ја исклучи можноста да има некој минипик и понатаму како резултат на непочитувањето на мерките. Но, како што посочи, здраствениот систем е подготвен да пресретне и следен бран.

„Ние нема да го смениме системот на реорганиација на јавно-здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Верувам дека граѓаните ќе продолжат совесни да се однесуваат и дека ќе нема криза, но подготвени сме да пресретнеме таков бран“, истакна Филипче. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This