дома Македонија Филипче: Hикoгaш нemaло пpeпораки пoчинaтитe од Koвид-19 да се погpeбувaaт во лимени...

Филипче: Hикoгaш нemaло пpeпораки пoчинaтитe од Koвид-19 да се погpeбувaaт во лимени кoвчeзи

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека никогаш немало протоколи или пак некаква препорака од Комисијата за заразни болести починатите од Ковид-19 да бидат погребувани во лимени ковчези.

-Ги разгледуваме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести, во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано или било препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези, рече на денешната прес-конференција Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, потенцира министерот за здравство, било така од почетокот на пандемијата.