April 23, 2024, 11:54 pm

Филипче: He ycпeaвме по peгуларен, па се обидовме по алтepнативен пат да дојдеме до кинеските вakцини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два принципи имаме како и секогаш кога станува збор за вакви набавки, а тоа се внимателност и регуларност. Апсолутно ги отфрлам сите обвинувања кои овие денови ги имаше во дел од медиумите дека станува збор за некакви нерегуларни, незаконски постапки, дека станува збор за некакви провизии. Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, во врска со набавката на кинеските вакцини.

– Жал ми е што тоа сето излегува во медиуми кои се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, еве нивните сајтови и тоа што излезе во италијанскиот исто така близок до нив „Ла верита“ се документи кои ние сме испратиле до навистина многу компании со цел да добиеме што повеќе информации за можностите за набавка на вакцините. И во таа смисла и ова конкретно за 200 илјади кинески вакцини од компанијата „Синофарм“ се прави по истите принципи на деталите, рече Филипче и ги презентираше деталите.

После иницијалните обиди да направиме директен контакт со фабриката во што не успеавме, појасни, побаравме помош од некои наши кинески компании тука во земјава активни што работат „Пауер Чајна“, понатаму „Синохидро“ кои ни укажаа на некои компании кои може да не спојат и тоа даде резултат.

– За време на тие разговори во меѓувреме беше потпишан договор, се вклучи и нашата Амбасада во Кина која за тоа го извести и тамошното МНР од каде ни укажаа дека тоа не е патот по кој треба да одиме и дека треба да го пратиме оној регуларен пат по кој на почеток се обидовме, но за жал немаше резултати и заради тоа сакајќи да ја целата постапка забрзаме најдовме еден алтернативен начин. Не станува збор апсолутно за ништо незаконски, за ништо нерегуларно. Не станува збор за некакви провизии и за било што за што овие денови ме обвинува опозицијата, потенцира Филипче.

Во делот на одговорностите за вакцините, нагласи, тоа е нешто што важи буквално за разговорите и договорите со сите компании.

– Тоа е обврска на Министерството за здравство и тоа ние го преземаме за буквално сите вакцини и сите производители. Зошто? Поради тоа што Министерството за здравство е одговорно преку својата програма за имунизација за секој дел од овие несакани ефекти и тоа се однесува буквално на секоја вакцина што влегува во земјата. Така што дозволете да ги осудам сите овие обиди да се фрли дамка на овој процес во една ваква осетлива ситуација кога вакцинацијата навистина треба да продолжи во нашата земја. Со ова опозицијата се обидува да го наруши угледот, да го компромитира процесот и со тоа да го загрози, со тоа што би се загрозил целокупниот процес на продолжување на имунизацијата во нашата земја. Со ова некој политички сака да има бенефит да поентира, а цената да биде здравјето на нашите граѓани, додаде Филипче.

Во врска со вакцините на „Фајзер“, рече дека според најавата од комуникацијата што ја имаат сега станува збор за 20 000 вакцини кои треба да стигнат на крај на март, кога се очекуваат да стигнат меѓу 20 000 и 25 000 вакцини на компанијата „Астра зенека“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This