дома КОВИД-19 (Коронавирус) Филипче: Oд пoнeдeлник вo Македонија вakцинaциja нa дeцa oд 12 дo 16...

Филипче: Oд пoнeдeлник вo Македонија вakцинaциja нa дeцa oд 12 дo 16 гoдини co “Фајзер”

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека од понеделник во Македонија ќе се дозволи вакцинација на младата, односно школска популација од 12 до 16 години со вакцината на Фајзер.

Според министерот само со вакцинација може полесно да се справиме со делта сојот. Тој нагласи дека присуството на коронавирусот најверојатно ќе трае повеќе години, ние треба данаучиме да живееме со вирусот, да не бидеме затворени но да бидеме вакцинирани.

-Апелирам кон граѓаните од понеделник да се имунизираат без претходно да се најават има доволно вакцини – нагласи Филипче.