дома Македонија Филипчe фaтeн „жив“ како лaжe

Филипчe фaтeн „жив“ како лaжe

Министерот за здарвство Венко Филипче ги лаже пациентите.

Министерот за здравство вечерва на ТВ Сител без око да му трепне рече дека никогаш не кажал дека британскиот Ковид сој е со полесна форма.

А, на 27 јануари ги лажеше и граѓаните, и пациентите, и лекарите дека „Британскиот сој е со полесна форма на болеста“, иако последниве 2 месеци гледаме дека тој сој е многу посмртоносен – коментира Антонио Милошоски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, истакна дека ова беше очекувано и практично беше невозможно да не се случи, со оглед на тоа што во повеќе земји во Европа и во регионот овој сој на вирусот веќе е присутен.

Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, но побрзо се шири
Министерот за здравство, Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на вирусот во нашата земја, истакна дека ова беше очекувано и практично беше невозможно да не се случи, со оглед на тоа што во повеќе земји во Европа и во регионот овој сој на вирусот веќе е присутен.

„Ова е карактеристика на овој тип на РНК вируси многу брзо да се адаптираат. Впрочем тоа што и досега имаме 20 веќе изолирани соја со различна фрекфенција ни укажува на тоа кога има некаква пречка во трансмисијата, а пречка се нашите превентивни мерки – тогаш вирусот се адаптира. И тоа се случува насекаде во светот. Разговарав со претставници на лабораторијата, типично како што се опишани во литература сите промени во т.н британски вирус, така е идентификуван во конкретниот случај. Пред 10-тина дена е направена дијагнозата, а сега е направено секвенционирање на геномот кој укажал дека ја има таа мутација”, изјави Филипче и нагласи дека оваа мутација на вирусот не можела да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот.

Филипче посочи дека, според публикациите во Велика Британија, оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70% проценти, но истакна дека нема простор за паника.