ФИЛМОТ КОЈ ГИ РАЗДЕЛИ ЏОЛИ И ПИТ: Објавен и вториот трејлер за филмот кој ги раздели Џоли и Пит

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овој втор трејлер ја прикажува љубовната приказна во која американскиот разузнувач (Пит), кој се наоѓа во Мароко во 1942 година, се вљубува во активист на францускиот отпор (Котијар)

Студиото “Парамаунт” го објави вториот трејлер за филмот “Allied” со Марион Котијар и Бред Пит во главните улоги.

Претстојниот романтичен трилер би требало да биде вреден за помен пред се, поради комбинацијата на режисерот-оскаровец Роберт Земекис, номинираниот за Оскар сценарист Стивен Најт и главните актери добитници на Оскар, Марион Котијар и Бред Пит (кој, искрено, доби награда како продуцент, но три пати е номиниран за глума).

Овој втор трејлер ја прикажува љубовната приказна во која американскиот разузнувач (Пит), кој се наоѓа во Мароко во 1942 година, се вљубува во активист на францускиот отпор (Котијар), со која тој работел на заедничка операција, за подоцна да дознае – по бракот и раѓањето на детето – дека таа е, можеби, нацистички шпион. Ако е така, тој мора да ја убие.

Врз основа на она што и до сега го гледавме, ќе има голем број на украдени погледи, (намерно) ужасен француски акцент од Пит и барем една жешка сцена во пустината. Ако  ништо друго, ќе уживаме во убави луѓе во убави костуми …

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This