дома Македонија Финансиската полиција денеска со детали за случајот со Васе Доневски

Финансиската полиција денеска со детали за случајот со Васе Доневски

Управата за финансиска полиција денеска ќе презентира детали за случајот со приведувањето на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

На прес-конференцијата најавено е присуство на директорот на Управата за финансиска полиција,  Арафат Муареми.

Од Управата за финансиска полиција вчера за МИА изјавија дека покрај Доневски, со предистражната постапка се опфатени повеќе лица и оти се уште траат активностите на терен.

Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.

Мирчевски во неодамнешното гостување во емисијата 360 Степенина Алсат-М телевизија зборувајќи за одговорноста за пропустите на објектите во кои инвеститор била СОЗР, откри дека се водат истраги за претходното работење на службата. (МИА)