дома Македонија Финансиската полиција ќе го испитува работењето на МРТВ

Финансиската полиција ќе го испитува работењето на МРТВ

Финансиската полиција ќе ги истражува наодите на Државната ревизија за неправилности во работата на Македонската радио телевизија, објави телевизија Алсат М. До архивата на Полицијата е доставен конечниот Ревизорски извештај за 2017 година.

-Управата за финансиска полиција ќе постапи по истиот и согласно добиените наоди ќе биде известено и надлежното јавно обвинителство, велат од Управата.

По допрен глас, предмет за неcовеcното работење на јавниот сервис ќе отвори и Антикорупциската комисија, која се уште ги анализира наодите на државниот ревизор.