Финансискиот директор на Трамп oбвинeт за зaтajyвање данок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Компанијата на Доналд Трамп и нејзиниот долгогодишен финансиски директор се обвинети за затајување данок.

Според обвинението, директорот на Трамп добил повеќе од 1,7 милиони долари, кои биле непријавени, вклучително и за кирија, плаќања за станови, плаќања за автомобили и школарини.

Ова е прво кривично дело како резултат на двегодишна истрага на властите во Њујорк за деловната активност на поранешниот претседател на САД.

Според обвинението објавено во четвртокот, од 2005 година до оваа година, финансискиот директор Ален Вајселберг и Организацијата Трамп ја измамиле државата и затаиле данок со тоа што не регистрирале некои поголеми исплати на директорите

Вајселберг и адвокатите на Организацијата Трамп се изјаснија за невини.

Обвинителот Кери Дан рече дека 15-годишната практика на затајување ја воделе највисоките директори на компанијата.

Трамп не е обвинет во оваа фаза од истрагата, пренесува Бета.

Според обвинението, Вајселберг (73), меѓу другото, криел дека е жител на Њујорк со цел да се избегне градскиот данок.

Во изјавата, организацијата Трамп застана во одбрана на Вајзелберг, наведувајќи дека Окружниот обвинител на Менхетен, Сајрус Венс јуниор, „го користел како пион“ во обид да му наштети на поранешниот претседател.

„Не е правда, тоа е политика“, рече организацијата Трамп, тврдејќи дека ниту даночната служба ниту кој било друг окружен адвокат не би ни помислиле да покренат обвинение за плаќање придонеси на вработените.

За време на неговата посета на Тексас во четвртокот, Трамп одби да одговори на новинарски прашања во врска со случајот. Тој оваа недела ги обвини обвинителите во ујорк дека се „груби, злобни и целосно пристрасни“ и рече дека она што го прави неговата компанија е стандардна практика во деловниот свет и дека во никој случај не е кривично дело.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This