дома Актуелно ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА ПО ШЕСТ ЧАСА СИ ЗАМИНА ОД ДОМОТ НА ЈАКИМОВСКИ: Во...

ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА ПО ШЕСТ ЧАСА СИ ЗАМИНА ОД ДОМОТ НА ЈАКИМОВСКИ: Во моментов и Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски е на информативен разговор во финансовата полиција

Откако попладнево МВР без најава влезе во домот на Претседателот на Гром Стевчо Јакимовски во скопската населба Жданец , по повеќе од шест часа  претрес го напуштија семејниот дом на Јакимовски.

Како што јавува репортерот на Инфомакс во моментов и Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски се наоѓа во  просториите на финансова полиција на информативен разговор.

Претседателот на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски предходно за нашиот портал Инфомакс обелодени дека решението за негов притвор било напишано уште рано изутринава. Јакимовски вели дека тој добил закана по телефон дека ќе биде притворен од страна на непознато лице, но добро информирано со извори директно во правосудните органи.

Јакимовски вечерва во својата изјава која ја даде пред својот дом истакна дека постојано добива закани од високи претставници на СДСМ, а дел од нив повеќе пати се обиделе и физички да се пресметаат со него. Тој ги спомена случаите кога физички беше нападнат од советникот на Заев за град Скопје познат по својот прекар Сокол како и случајот со братот на пратеникот Есад Рахиќ кој Јакимовски го нападна со нож на денот на изборите, а во видеото од нападот му се закануваше дека ќе оди во затвор.

Претседателот на ГРОМ обелодени дека притисоци се вршат и врз вработените во општина Карпош, да сведочат против него за наводен криминал извршен кога тој беше градоначалник на општината. Според Јакимовски сите овие притисоци се поради неговите политички ставови за бојкот на престојниот референдум за промена на името на Македонија, и неговиот цврст став по однос на ова прашање.

Според извори блиски до него, Јакимовски не се крие но досега не добил никаква покана за разговор со ниту една инсититуција а претресот на неговата куќа и монтираниот случај против него го смета за акт на политички реваншизам.

Јакимовски кој порано беше министер во времето на Црвенковски неофицијално имал директни понуди од власта  за напуштање на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и приклучување на Заев, кој Јакимовски жестоко ги одбил.

Претресот во куќата на Јакимовски се случува на истиот ден кога МВР по 5 дена истрага за скандалот најави смена на началникот во БЈБ кој со службен џип си ја пратил ќерката во Грција како и скандалите во Министерството за Здравство на Венко Филипче, но и последниот вчерашен скандал со Зоран Шапуриќ и Радмила Шеќеринска кои преку невладина организација земале државни пари.

Неодамна Јакимовски во интервју изјави дека Заев е најопасниот политичар во Македонија од 1945 година.

,,Политички притисок пред референдумот и се она за што тие ни се закануваат наназад веќе пет години, но сакам јасно да порачам дека ГРОМ дали јас ќе бидам жив или мртов нема да излезе на овој референдум. Посготвен сум сите проблеми кои ќе ми ги прават стоечки да ги издржам и сметам дека ова е една ненародна власт која се здружила со криминалци за наводно да брка криминал за работи за кои апсолутно нема никаква врска со мене како градоначалник„, нагласи Јакимовски.

Тој појасни дека како градоначалник потпишува одлука за избор на најповолен понудувач и договор со фирмата, која врз основа на тоа оди во банката за да земе банкарска гаранција.

-Не сте крив затоа што сте крив, туку сте крив зошто треба да бидете крив. Очигледно на оваа власт и требаат виновници за нејзините неуспешни политики.

Јакимовски изјави: ,,Тие денес се овде во мојот дом, во домот на моите деца, во домот каде претходно сум живеел. Мене ми е жал што морам на македонската јавност да и соопштам дека ме известија дека од судството е напишано решение за мое спроведување.