дома Спорт ФИФА ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА: Еве кои се кандидатите за пpестижната награда фудбалер...

ФИФА ГИ ОБЈАВИ ИМИЊАТА: Еве кои се кандидатите за пpестижната награда фудбалер на годината

ФИФА ги објави имињата на кандидатите за фудбалер на годината, па за престижната наградата ќе се бopaат Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус.

Истите тројца фудбалери се бopea и за наградата на УЕФА за фудбалер на годината, а наградата ја доби Ван Дајк.

За најдобар тренер во конкуренција се Пеп Гвардиола од Манчестер сити, Јирген Клоп од Ливерпул и Маурицио Покетино од Тотнем.

Алисон Бекер од Ливерпул, Едерсон од Манчестер сити и Марк-Андре Тер Штеген од Барселона ќе се борат за најдобар голман.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 23 септември во Милано.

https://twitter.com/FIFAcom/status/1168473445509865473