дома Македонија ФИФА дaдe зeлeнo cвeтлo: Македонската фудбалска peпpeзeнтaциja дoбивa нoвo зacилyвaњe

ФИФА дaдe зeлeнo cвeтлo: Македонската фудбалска peпpeзeнтaциja дoбивa нoвo зacилyвaњe

Колумбискиот фудбалер Себастиан Херера ќе биде новото засилување на македонската фудбалска репрезентација на позиција лев бек. Бившиот играч на Работнички ги исполнува условите да настапува за македонската репрезентација, а ФИФА даде зелено светло.

Македонската фудбалска репрезентација одсега ќе биде посилна за колумбиецот со Македонски пасош Себастиан Херера.

Екс играчот на Работнички, а сега на унгарски МТК ги исполнува условите да настапува за нашата репрезентација и тоа го потврди деновиве и ФИФА. Од кровната фудбалска институција е дадено зелено светло, само уште да се докомплетира документацијата во нашата земја. Во секој случај, Спортмедиа дознава дека Херера е на списокот на селекторот Игор Ангеловски за предизвиците во месец март. А нив ги имаме и тоа како многу. Романија, Лихтенштајн и Германија. Мечеви со кои ќе го стартуваме квалификацискиот циклус за мундијалот во Катар 2022 година.

Решаваме проблем на левата бековска позиција

Херера е играч кој „оперира“ на левата бековска позиција, и тоа е една од позициите кои ни се проблем во моментов. На таа позиција крпиме со решенија што се вели често и ги немаме, па таму пополнува Џани Алиоски. Тој одамна не игра на таа позиција, со години е крилен напаѓач, а сега очигледно дека и нему ќе му олесни со повикот на натурализираниот колумбиец.

Затоа Херера откако замина во Унгарија и откако заигра во далеку поквалитетен шампионат од нашиот, очигледно дека го покажа сиот свој потенцијал и квалитет што го поседува, па истиот достигна и репрезентативно ниво.