ФИФА со голeми промени: Фудбалерите можат да ги менуваат националните тимови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 70-тиот конгрес, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе ново правило според кое фудбалерите ќе можат да ја менуваат репрезентацијата за која играат.

На конгресот, кој се одржа преку видео врска, беа прецизирани условите кога фудбалерите ќе можат да го сторат тоа.

Неопходно е тие да не одиграат повеќе од три натпревари за репрезентацијата за која играат, како и да не биле постари од 21 година за време на играњето на тие игри.

Еден од условите е тие да не играле на СП или на шампионатот на некои од конфедерациите, како и дека поминале најмалку три години од последниот настап за националниот тим.

Исто така, потребно е во моментот на играње за сегашната репрезентација да имаат државјанство на земјата за која сакаат да играат сега.

ФИФА објави дека играчот може да се врати да игра за старата репрезентација во случај да нe одигра ниту еден натпревар за новиот.

Исто така, изменет е и критериумот според кој играчите можат да го сменат државјанството доколку нe играле за нивната матична земја. Ако играч се пресели во нова земја пред да наполни 10 години, тогаш тој сигурно престојувал во новата земја најмалку три години.

Ако се преселил на возраст од 10 до 18 години, тој мора да живее во новата земја најмалку пет години пред да ги исполни критериумите за доделување пасош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This