дома Спорт ФИФА ЌЕ ЈА КАЗНУВА ГЕРМАНИЈА: Славење на гол на начин каков што...

ФИФА ЌЕ ЈА КАЗНУВА ГЕРМАНИЈА: Славење на гол на начин каков што не доликува нема да биде дозволено

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да ја казни германската репрезентација поради начинот на прослава на победничкиот гол на дуелот со Шведска во саботата (2:1).

ФИФА отвори дисциплинска постапка против двајца членови на германската репрезентација, директорот на Сојузот Георг Бехлау и портпаролот на тимот Улрих Фојгт. Двајцата бурно ги искажаа своите емоции кога Тони Кроос го постигна победничкиот гол во дополнителното време.

Бахлау и Фојгт трчаа кон клупата на Швеѓаните, по што се судрија со член на противничкиот тим.

Претставниците на германската репрезентација, како и Германскиот сојуз, се извинија за малиот инцидент. (МИА)