дома Балкан ФОРМИРАЊЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ПРОБЛЕМ ВО ООН: Рускиот амбасадор во ОН изнесе...

ФОРМИРАЊЕТО НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА ПРОБЛЕМ ВО ООН: Рускиот амбасадор во ОН изнесе податоци дека се спрема формирање на „голема Албанија“!

-Дијалогот Белград – Приштина е „длабоко замрзнат“, а косовските власти не се спремни да го применат договорот за Заедницата на српски општини, изјави денес Рускиот амабасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин


Тој во обраќајето пред Советот за Безбедност на ОН, на седницата посветена на Косово рекол дека за надминување на тој застој во дијалогот е поребно посилно присуство на светските организации во покраината.

Според неговите зборови, прашањето за демаркација со Црна Гора извади на површина уште посилни повици за обединуање на сите албански земји и стварање на „голема Албанија“.

Чуркин исто така рекол дека развлекувањето на почетокот со работата на Специалниот суд за воени злосторста на Косово е барање на изговори, со цел да се најдат и неутрализираат сведоците.