дома Русија ФОРМИРАЊЕ НА СПАСУВАЧКИ ЕДИНИЦИ ВО РУСИЈА: Во рамките на специјалните сили на...

ФОРМИРАЊЕ НА СПАСУВАЧКИ ЕДИНИЦИ ВО РУСИЈА: Во рамките на специјалните сили на Русија ќе се формираат единици за спасување!

Заменик министерот за вонредни ситуации на Русија, Александар Чупријан, предложи повторно да се формира спасувачка единица во рамките на специјалните сили.

„Неопходно е да се консолидираат силите за брза реакција на Министерството за вонредни ситуации на Русија и одново да се формираат спасувачките единици при ова министерство“, нагласи тој на крајот на состанокот.

Чупријан призна дека има дефицит на професионални кадри и тоа е проблем што исто така треба да се реши.

Тој нагласи дека спасувачките групи ќе бројат вкупно 12 000 луѓе, и тој број постепено ќе се зголеми до 22 000 луѓе.