(Фото)Бизарно: Онлајн свадба се одржа на виртуелна платформа за настани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалната мрежа Инстаграм се обзнани чуден и помалку загрижувачки настан. Виртуелна венчавка. Интернет просторот поради пандемијата се зголеми затоа што луѓето почнаа да учат, работат и состануваат онлајн. Но, не застанаа таму. Тоа го покажува и неодамнешниот бизарен пример на виртуелна венчавка.

Кога веќе Раси и Дејв Гањон се запознале онлајн, логички би било и онлајн да се венчаат.

Па така, парот – или подобро кажано, нивните дигитални аватари – одржаа церемонија организирана од виртуелната платформа „Virbela“, во сопственост на компанија која создава виртуелни средини за работа, учење и настани.

Аватарот со лик на невестата Гањон беше прошетан по патеката од аватарот со лик на нејзината блиска пријателка. Аватарот на младоженецот г-дин Гањон гледаше како аватарот на неговиот другар се искачува на сцената и прави здравица во нивно име. Како и 7-годишните близнаци аватари (носачот на прстенот и девојката со цвеќе) танцуваа на приемот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This