дома Македонија (Фото+Видео)ДЕТАЛИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО БУТЕЛ: Две лица се степале на избирачко место...

(Фото+Видео)ДЕТАЛИ ЗА ТЕПАЧКАТА ВО БУТЕЛ: Две лица се степале на избирачко место поради претходна расправија!

Во Основото училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во скопската општина Бутел денеска околу 10 часот се случила тепачка помеѓу две лица, за време на гласањето.

-Во момент на напуштање на училишниот двор дошло до нарушување на јавен ред и мир помеѓу 32- годишниот Г.Н. и 48- годишниот Г.Т. поради претходна расправија и несогласувања. Интервенирала и полицијата, велат од МВР за КУРИР.

Потоа, гласањето во училиштето продолжило нормално.

Инаку, училиштето се наоѓа меѓу општините Бутел и Чаир и таму гласаат жителите од двете општини.