дома Македонија (Фото+Видео)ЕДЕН ОД НАЈМАСОВНИТЕ МИТИНЗИ ВО СКОПЈЕ, ВООПШТО: Народ од мостот „Гоце Делчев“...

(Фото+Видео)ЕДЕН ОД НАЈМАСОВНИТЕ МИТИНЗИ ВО СКОПЈЕ, ВООПШТО: Народ од мостот „Гоце Делчев“ до семафорите на „Илинденска“

Еден од најголемите митинзи во Скопје воопшто се одржа вечерва пред Владата на Р.Македонија на која се претстави кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, професорката Гордана Силјаносвска – Давкова

 

Првичните проценки се преку 50.000 луѓе присутни на митингот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Р.Македонија, или како илустрација, од семафорите пред владата на улицата „Илинденска“ до крајот на мостот „Гоце Делчев“.

На митингот се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицокски, кој порача дека крајот на Заев и неговата влада веќе се гледа и дека победата на Силјановска на следните избори ќе биде вовед во предвремени парламентарни на кои оваа владејачка гарнитура ќе си зaминe.