дома Временска Прогноза (Фото+Видео)ХРВАТСКА ЗАТРУПАНА ВО ТРИ МЕТРИ СНЕГ: Војската на терен, во делови од...

(Фото+Видео)ХРВАТСКА ЗАТРУПАНА ВО ТРИ МЕТРИ СНЕГ: Војската на терен, во делови од земјата вонредна состојба

Војската на Хрватска веќе втор ден работи на расчистување на снегот во повеќе региони каде што висината на снегот на места достигна и до три метри. Сообраќајот се одвива отежнато во Лика, Горски Котар, на Приморјето и во централните и северозападните делови на Хрватска. Во Горски Котар висината на снежната покривка е рекордни три метри.


Жителите од Делнице се жалат дека приземните куќи се целосно затрупани со снег. Војската во тој дел од земјата работи без прекин од вчера.

Вечерва ги посети и министерот за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој порача дека 160 војници остануваат додека е потребно.
Во повеќе училишта денеска немаше настава.

Според метеоролозите ваквата состојба ќе биде уште полоша со најава за снежни врнежи и многу ниски температури.
На помош на војската во Суњ од вечерва им се приклучи и полицијата, кои ги пробиваат затрупаните патишта до куќите на постарите жители во општината.